• четврток, 26 декември 2024

„Европски фронт“ очекуваат Сиљановска Давкова во годишниот говор да даде пораки за побрзо усвојување на уставните измени

„Европски фронт“ очекуваат Сиљановска Давкова во годишниот говор да даде пораки за побрзо усвојување на уставните измени

Скопје, 25 декември 2024 (МИА) - Пратеничката група на „Европски фронт“ денеска нагласи дека очекуваат претседателката Гордана Сиљановска Давкова во денешниот годишен говор да даде пораки за побзо усвојување на уставните измени.

Зијадин Села, претседател на Алијансата за Албанците, која е дел од „Европскиот фронт“ истакна дека очекува претседателот на државата да го почитува Уставот и да се обрати со името кое го има државата - Република Северна Македонија.

-Истовремено да покаже пред граѓаните дека целава кампања заедно со Мицкоски им беше злоупотреба на чувствата на граѓаните Македонци за да придобијат некој политички поен. Очекувам дека ќе владее разумот и ќе даде порака за што побргу да ги спроведеме уставните измени и да ги отвориме преговорите со Европската Унија. Тоа се нашите очекувања како пратеничка група на Европскиот фронт, рече Села. фф/ац/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан