• сабота, 23 ноември 2024

Европски фронт: Економски рамковен договор за еднакви можности, функционален пазар и фер конкуренција

Европски фронт: Економски рамковен договор за еднакви можности, функционален пазар и фер конкуренција

Скопје, 3 мај 2024

Економијата и животниот стандард на граѓаните е една од нашите приоритетни определби и ќе биде наслов на владата по 8 мај. Во периодот што го оставивме зад нас, бележивме резултати, покачувања на плати, колективни договори, поддршка на приватниот сектор и граѓаните од социјално ранливите категории, покачување на пензиите и субвенции во повеќе сфери. Ова не е доволно, туку е поставена здрава основа за заживување на економијата на државата и вашите семејни економии.

Ова не е доволно, туку е поставена здрава основа за заживување на економијата на државата и вашите семејни економии. За да постигнеме животен стандард кој е близок, а зошто не и еднаков на другите европски граѓани, ги поставивме економските прашања како еден од трите централни столба на нашата програма Европа 2030.

По Охридскиот договор, Договорот од Преспа и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, дојде време за голем договор, а тоа е Договорот за економски консензус (економски рамковен договор).

Овој договор има за цел да обезбеди рамка за еднакви можности во функционална слободна пазарна економија со фер конкуренција и правичен регионален развој и инфраструктура што создава еднакви можности во економијата за сите учесници без разлика на нивната етничка, културна, полова и други групи на општеството.

Договорот за економски консензус ќе обезбеди политички и социјален консензус за развојните приоритети, политики и клучни реформи кои ќе овозможат социјална еднаквост и еднакви економски можности за сите, ќе создадат оптимизам и ќе промовираат забрзан економски раст (над 5% годишен раст на БДП), одржлив и сеопфатен развој за повисок стандард и квалитет на живот на сите граѓани.

Договорот за економски консензус се заснова на стратешката ориентација на земјата за членство во Европската унија и евроатлантската дефиниција на земјата во геостратешки контекст, како членка на НАТО и стратешки партнер со САД.

Договорот има за цел следните приоритети: 

-Конкурентна економија и дигитална трансформација;

-Одржлив развој и зелена трансформација; 

-Современа инфраструктура и правичен регионален развој;

-Човечки капитал и квалитет на живот; како и активна младина и еднакво општество.

Конкурентната економија и дигиталната трансформација значи забрзан раст и стабилни финансии, добро опкружување за бизнис, борба против монополите и олигархијата, борба против неформалната економија и фер и лојален даночен систем, како и поддршка на бизнисот, паметна специјализација и дигитализација на економијата.

Одржливиот развој и зелената трансформација ќе се фокусираат на чиста и здрава животна средина, безбедна, обновлива енергија и енергетска ефикасност, како и модерно земјоделство и одржлива храна.

Модерната инфраструктура и рамноправниот регионален развој се клучни за мала и отворена економија, имено паневропските коридори 8 и 10 ја ставаат нашата земја на крстопат и создаваат конкурентни предности со современиот транспорт и комуникација, автопатиштата и железницата.

Човечкиот капитал и квалитетот на животот се детерминанти во продуктивноста на економијата преку квалитетно образование, модерно здравство и одржлива социјална сигурност.

Активната младина и еднаквото општество ќе создадат привлечна средина во нашата земја со културна различност, нови можности за млади, спорт и рекреација, како и граѓански активизам во сите области од животот. Исто така, демографијата, миграцијата и дијаспората ќе бидат во вниманието на сите економски и социјални политики за создавање нови перспективи.

Договорот за економски консензус ќе ја направи Северна Македонија пожелно место за живеење на нашите граѓани, за задржување на младите во земјата и за враќање на дијаспората, атрактивно место за туристи и омилено место за инвеститорите.

Почитувани граѓани, со овој договор ќе бидеме самата Европа!

Нејзината реализација останува наша обврска, бидејќи вие на 8 мај со вашиот глас ја потврдувате и продлабочувате големата победа на Европскиот фронт.

Прес - конференција на Елми Азири, кандидат за пратеник во ИЕ2 на Европскиот Фронт ___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Принтскрин

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан