• сабота, 23 ноември 2024

Европски сојуз за променa: Отворени сме за зајакнување  и раст на победничката коалиција

Европски сојуз за променa: Отворени сме за зајакнување  и раст на победничката коалиција

Скопје, 4 јануари 2024

Во време кога албанската политичка сцена во РСМ е поделена меѓу Сојузот за европски промена кој има за цел да ги обедини Албанците за да ја направи долгоочекуваната политичка ротација и интеграција на земјата во ЕУ, и меѓу оние кои ја зазедоа државата и ја блокираа интеграцијата , чувствуваме должност да објасниме дека и понатаму останува отворена понудата за раст на овој опозициски табор.

Во оваа прилика сакаме да ја информираме јавноста дека ние досега имавме неколку средби со првиот човек на Алијанса за Албанците и тој ја има отворена поканата да дојде со достоинствено претставување.

Европскиот Сојуз за Промена сака да ги увери Албанците дека победата на оваа коалиција поддржана од албанската дијаспора и релевантниот албански фактор во регионот е веќе евидентна и никој не може да ја спречи.

Не само анкетите и духот на победата, туку и начинот на кој ДУИ се однесува против Сојузот за членот на ДИК, како и можностите за создавање на идната влада, сето тоа е доказ дека победата сигурно ќе дојде. Ова им овозможува на гласачите на АА да бидат претставени на страната што ја испраќа ДУИ во опозиција.

Веќе е евидентно дека гласот на албанскиот граѓанин, вклучително и гласот на активистот и на подржувачот на АА, е за промена на албанската политичка сцена во земјата, па затоа соединувањето на АА со ЕСП ќе овозможи пролетната победа да биде уште поголема и поубедлива.

Промената на албанската политичка сцена во земјата секако ќе дојде и сите се добредојдени да бидат дел од неа.

Демократско движење

________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

Остани поврзан