• вторник, 26 ноември 2024

Европска потерница по вториот човек на Златна зора – можно е да се крие во српски манастир

Европска потерница по вториот човек на Златна зора – можно е да се крие во српски манастир
Атина, 24 февруари 2021 (МИА) – Еден од основачите на Златна зора и вториот човек во партијата, осуден на 13 години затвор за формирање криминална организација Христос Папас, според грчката телевизија Стар, се крие во манастир во Србија, каде што нелегално стигнал преку Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Откако во октомври минатата година судот ја соопшти пресудата во процесот против Златна Зора, Папас беше недостапен за властите, а издадена е и европска потерница. Грчката телевизија „Стар“, повикувајќи се на свои информации објави дека вториот човек на неонацистичката партија, со фалсификувани документи, преправен во монах, преку нашата земја стигнал до Србија, а истрагата е фокусирана на српски манастири што имаат блиски односи со грчки монаси кои се водат според стариот календар. На рочиштата во последните месеци од судењето, Папас беше со брада, што според „Стар“, целта била за да може целосно да се вклопи во улогата на монах. Христос Папас е единствениот член на Златна зора што побегна и четири месеци подоцна е недостапен за властите, а заедно со Јанис Лагос, кој е европратеник се единствените кои се осдудени и сè уште не се во затвор. ср/

Остани поврзан