• недела, 14 јуни 2026

Европска лига: Македонските одбојкари во три сета го совладаа Исланд

Европска лига: Македонските одбојкари во три сета го совладаа Исланд

Глифада, 13 јуни 2026 (МИА) – Македонската машка одбојкарска репрезентација ја забележа втората победа во третиот натпревар од Европската лига, откако вечерва триумфираше над Исланд со 3-0 во сетови (25:21, 25:23, 25:19).

На првиот од двата натпревари кои избраниците на селекторот Јошко Миленкоски ќе ги одиграат овој викенд во Глифада, македонските одбојкари ја оправда фаворитската улога, диктираа темпо во текот на трите сета, но и си дозволуваа да се опуштат во завршниците.

Капитенот Никола Ѓоргиев беше најефикасен со 24 поени, следен од Лука Костиќ со 10. Средните блокери Маџунков и Савовски постигнаа по осум, односно седум поени.

Македонската репрезентација утре ќе се соочи со домаќинот Грција. ег

ФОТО: ОФМ