• вторник, 24 декември 2024

Евробарометар: Мнозинството Европејците ја поддржуваат енергетската политика на ЕУ 

Евробарометар: Мнозинството Европејците ја поддржуваат енергетската политика на ЕУ 

Брисел, 24 септември 2024 (МИА) - Европските граѓани ја поддржуваат енергетската политика на ЕУ и изразуваат силна поддршка за поголема координација и дополнителни напори во оваа сфера со цел обезбедување попристапни цените на енергијата, паралелно со транзицијата кон чиста енергија и остварувањето на енергетска независност на блокот, покажуваат резултатите од најновото истражување на Евробарометар објавени денеска. 

Според анкетата, 79 отсто од Европејците се на ставот дека остварувањето на климатските цели на ЕУ ќе поттикне отворање нови работни места и привлекување инвестиции во секторот за производство на чиста енергија, 77 проценти сметаат дека Европската Унија треба да има поголема координативна улога за енергетските прашања, а 76 отсто веруваат дека актуелните политики на блокот ќе ја намалат зависноста од увоз на енергија. 

Дури 69 проценти мислат дека енергетската политика на ЕУ ќе обезбедат намалување на сметките за енергија на домаќинствата и бизнисите, 62 отсто сметаат дека Унијата треба да ги диверзифицира своите енергетски извори, пред се со инвестирање во производство на енергија од обновливи извори, а 54 проценти се на ставот дека е потребно да се штеди струја секогаш кога е тоа можно. 

Околу 40 отсто од анектираните сметат дека енергетската политика на ЕУ треба да обезбеди поприфатливи цени на енергијата за крајните потрошувачи, 33 проценти рекле дека таа треба да привлекува инвестиции во иновативни енергетски технологии, а 30 отсто оценуваат дека е потребно таа да се фокусира на намалување на потрошувачката на енергија.  

Во врска со нивниот личен придонес кон остварувањето на енергетските цели на ЕУ, 77 проценти од испитаниците изјавиле дека „значително ги промениле нивните навики“ со цел да придонесат за помало трошење на енергија во нивните домови, 55 отсто рекле дека ги приспособиле своите превозни средства за да ја намалување на потрошувачката, а 41 процент тврдат дека ги промениле моделите на потрошувачка на енергија на работните места. Дополнително, 44 отсто од Европејците ги изолирале покривите, ѕидовите или подовите или ги замениле прозорците во своите домови за да придонесат за заштеда на енергија. 

Климатска неутралност, според 53 проценти од анкетираните може да се постигне со преземање мерки за намалување на енергетската сиромаштија, а за 50 отсто преку заштеда на енергија или преку субвенции за граѓаните кои произведуваат или користат енергија од обновливи извори.  

Во реакција на резултатите од истражувањето, Европската комисија оцени дека тие ги рефлектираат нејзините амбиции за периодот 2024-2029 година, како беа наведени и во Политичките насоки на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и во писмата за нивните обврски што таа ги упати кон новите еврокомесари. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан