• понеделник, 23 декември 2024

ДУРМДОВ „Димитар Влахов“ одбележа 70 години постоење со претстава во МНТ

ДУРМДОВ „Димитар Влахов“ одбележа 70 години постоење со претстава во МНТ

Скопје, 5 ноември 2024 (МИА) - Со претстава исполнета со музика и песна, примери од Брајовото писмо и интересни рецитали со пораки за заедништво, Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ денеска одбележа 70-години од постоењето.

Во Македонскиот народен театар, учениците и наставниците од училиштето одржаа претстава преку која ги запознаа присутните со процесот на учење во училиштето и стекнатите вештини. Одржаа час по македонски јазик, математика, музичко образование и физичка култура. Учеа да пишуваат, бројат, свират, пејат и играат голбол.

Директорот Бобан Спасенцовски, истакна дека на овој јубилеј е горд на сето она што го направиле за училиштето, особено сензорните соби.

- Со напорен труд успеавме да создадеме брајови учебници, аудио книги. Обезбедивме многу простории во нашето училиште. Направиме сензорни соби, го уредивме дворот и обезбедивме нашите ученици имаат безбеден дом, учење и напредок во ова училиште, рече тој.

Децата, заедно со своите наставници изведоа повеќе песни меѓу кои и „Ој девојче“.

Целта на училиштето за рехабилитација на деца и младинци со оштетен е да едуцира и рехабилитира деца и младинци со оштетен вид до степен на осамостојување за професионален и личен живот. Крајната цел е интеграција на овие деца во сите сфери на општественото живеење и делување. Сето ова се постигнува преку следење на основното училиште, музичкото училиште и средното стручно образование. ар/бак/


Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан