Дурант постави рекорд во Феникс
- Кошаркарот на Феникс санс, Кевин Дурант, му помогна на тимот да победи синоќа на гостувањето кај Детроит (120:106) без повредените Девин Букер и Бредли Бил.

Детроит, 6 ноември 2023 (МИА) - Кошаркарот на Феникс санс, Кевин Дурант, му помогна на тимот да победи синоќа на гостувањето кај Детроит (120:106) без повредените Девин Букер и Бредли Бил.
Дурант за 35 минути постигна 41 поен (14 од 27 од поле), четири скока, пет асистенции и две блокади.
Кевин постави клупски рекорд во Феникс за најмногу постигнати поени во неговите први 15 натпревари за тимот. Тој постигна 417 поени и ја надмина легендата на Сонцата, Чарлс Баркли (375 поени). зс/
Фото: ЕПА