• сабота, 23 ноември 2024

Дука: Во Дебар подолго време не се направени тестирања за Ковид-19

Дука: Во Дебар подолго време не се направени тестирања за Ковид-19
Дебар,1 јуни 2020 (МИА) - Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб на денешната прес-конференција информира дека во Дебар подолго време не се направени тестирања за Ковид-19. -Како Оперативен штаб побаравме од Работната единица на Центарот за јавно здравје и Општата болница да се почне со земање брисеви на лица кои се сомнителни со цел да се откријат евентуални носители на вирусот,или евентуално болни. Дури тогаш ќе може да зборуваме дали во Дебар има или не новозаразени, рече Дука. Како што информира, во детската градинка „Брешија“ во Дебар скринингот за вработените ќе биде спроведен на осми и деветти овој месец. Додаде дека состојбата во државава, посебно во некои општини, на седицата на Оперативниот штаб била оценета како многу алармантна бидејќи,како што рече, бројките покажуваат влошување на епидемиолошката ситуација во земјава. -Ваквата ситуација нас како град треба да не алармира и да ја подигнеме на повисоко ниво подготвеноста за соочување со евентуална нова епидемиолошка криза со Ковид-19. Затоа апелирам до граѓаните доколку имаат симптоми, како што е висока телесна температура, кашлица, грозница, да се јават во работната единица за јавно здравје за да им биде земен брис, посочи тој. Во исто време од граѓаните и деловните субјекти побара строго почитување на мерките,како што е носење заштитна маска, одржување физичка дистанца, дезинфекција на работните простории и слично.вт/бт/

Остани поврзан