• вторник, 24 декември 2024

ДУИ ја одбележа 40-годишнината од студентските демонстрации во Приштина

ДУИ ја одбележа 40-годишнината од студентските демонстрации во Приштина
Скопје, 11 март 2021 Под покровителство на претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети денеска се одржа конференција по повод одбележувањето на 40-годишнината од студентските демонстрации во Приштина, кои всушност ја донесоа слободата на албанскиот народ на Република Косово. Претседателот на ДУИ, г. Али Ахмети во оваа прилика рече дека денес е посебен ден затоа што на оваа годишнина заедно со него има многу соработници и учесници во демонстрациите од 1981 година, како Фадил Бајрами, Тахир Хани и Садула Дураки и многу други личности. Ахмети пред присутните исто така изјави дека генерацијата од 1981 година е најсреќната генерација која никогаш не го загуби континуитетот до организирањето на ослободителната војна. Како што рече претседателот Ахмети по создавањето на Ослободителната Војска на Косово, се разви една чиста војна, со помош на сојузниците, со помошта на САД, ЕУ и НАТО, во кој случај Косово беше ослободено. Потоа успеавме добро да ги организираме Ослободителната Народна Армија и Ослободителната Армија на Прешево, Медвеџе и Бујановац и во меѓувреме успеавме да ја легитимираме ОНА на национална и меѓународна сцена, но и да направиме да се прифати меѓународниот договор за промена на политичкиот статус на Албанците во Република Северна Македонија, преку Охридскиот Мировен Договор. Директорот на Институтот за културно наследство на Албанците во РСМ, г. Скендер Асани со својот говор по повод оваа конференција, рече дека студентските демонстрации што се одржаа пред 40 години, на 11 март 1981 година, отворија незапирлив процес на битки за политичката свест на Албанците во поранешната Југославија. Според Асани, овие настани имале епицентар во Косово, но тие се прошириле тоа време со своето влијание и на другите албански области во поранешна Југославија. Според него, 1981 година е означена границата помеѓу двата политички менталитети од тоа време, бирократскиот менталитет на политичарите кои се спротивставуваа на секаков вид промена, и од друга страна студентите предводени од политички револуционери кои беа зачнати во нелегала, кои подоцна станаа и носители на важните процеси кои беа крунисани со вооруженото востание, прво во Косово, а потоа во Северна Македонија и Прешевската долина. Патриотот и другар од студентските денови на претседателот на ДУИ, г. Хидајет Хисени го започна својот говор со неколку реченици кажани од големиот албански патриот Адем Демачи, кој кажал: „Да не беа претходните напори за ослободување, немаше да биде движењето од 1968 година, ако не беше движењето од ’68 година немаше да се случат демонстрациите во пролета 1981 година и сите последователни движења се до Ослободителните армии што донесоа реализација на голем дел од идеалите на претходните генерации “. На крајот на оваа конференција, Ахмети, Хисени и Асани заедно се согласија дека Албанците никогаш не биле подобро од денес, но признаа дека утре може да бидеме уште подобро ако сите работиме заедно и се заложиме за подобра иднина и наша цел останат европските вредности и продлабочувањето на партнерството со нашите американски пријатели. Демократска Унија за Интеграција ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан