• понеделник, 23 декември 2024

ДУИ: ЗЕЛС се злоупотребува од политички цели  

ДУИ: ЗЕЛС се злоупотребува од политички цели  

Скопје, 21 август 2024 


Демократската Унија за Интеграција ги следи последните случувања во Заедницата на единиците на локалната самоуправа од формирањето на новата Влада и забележува дека оваа заедница почнала политички да се злоупотребува од моноетничката власт и без легитимитет и наместо афирмирање на барањата на општините и граѓаните, без поделби; се забележува централизација и амбиции за преземање на надлежностите од опозициските општини. 


 Неприфатлива е тенденцијата да се централизираат работите и да се злоупотреби ЗЕЛС за да се заобиколат градоначалниците на општините од редовите на Европскиот фронт.


 По непочитување на легитимитетот на централно ниво во случајот со формирањето на извршната власт, сега Владата на ВМРО-ВЛЕН почна да ја злоупотребува работата на ЗЕЛС во сите форми. Ова непочитување на градоначалниците на општините од редовите на албанската опозиција има тенденција да ја уништи политичката волја и албанските партии дури и на локално ниво.


 Затоа, и во ДУИ се доставени сериозни иницијативи од страна на градоначалниците на општините предводени од албанската опозиција за да го разгледат ставот за учеството на градоначалниците во Заедница на единиците на локална самоуправа, тело каде се координират активностите за работата на општините.

ДУИ 

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан