• вторник, 31 декември 2024

ДУИ го осудува ослободувањето на осудените за нападот на 27 април

ДУИ го осудува ослободувањето на осудените за нападот на 27 април

Скопје, 29 декември 2024

ДУИ ги осудува партиите избрани од ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за ослободувањето на осудените за нападот на 27 април 2017 година, кој имаше за цел да го спречи изборот на првиот Албанец за претседател на Собранието и притоа ги загрози животите на пратениците. 

Ова срамно ослободување беше најавено со објавените фотографии на главниот извршител на нападот, Горан Ангелов – Ќосето, со замениците на Африм Гаши, Изет Меџити и Арбен Таравари.

Тоа е јасен доказ за улогата на ВЛЕН во поддршката на оние што го загрозуваат уставниот поредок и меѓуетничката хармонија. 

„Честитки“, исто така, за прогласувањето за невин на полицаецот кој го понижи албанското знаме - уште еден јасен пример за потценувањето на симболиката и достоинството на Албанците од страна на влен.

По овие дејствија, сосема е природно влен да го прогласи и поранешниот заменик-претседател на Владата, Ангушев, за „Бизнисмен на годината,“ не затоа што е на црната листа, туку затоа што е ментор и колега на нивниот патрон во Владата. 

ДУИ нема да молчи за овие дела кои ја поткопуваат правдата и ги нарушуваат правата на Албанците. 

Им упатуваме повик на граѓаните да ги одбијат овие деструктивни политики кои го загрозуваат мирот и еднаквоста. 

 ДУИ – секогаш во одбрана на правдата, еднаквоста и народот!

Демократска Унија за интеграција
_____________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.


Остани поврзан