• сабота, 23 ноември 2024

Државниот архив и Народна банка потпишаа меморандум за соработка

Државниот архив и Народна банка потпишаа меморандум за соработка

Скопје, 24 октомври 2023 (МИА) - Државниот архив и Народната банка на Република Северна Македонија потпишаа меморандум за соработка. Целта на овој меморандум е да се зацврсти и да се прошири меѓусебната соработка, во областа на истражувањето, собирањето, обработувањето, евидентирањето, чувањето и промовирањето на архивскиот материјал значаен за централнобанкарската историја, за финансиските состојби, за развојот на банкарството и економијата на нашата земја.

Како што денеска соопштија од Државниот архив, соработката ќе се реализира преку истражување и дигитализација на архивски материјали кои се однесуваат на банките и банкарските организации, значајни за стопанскиот и економскиот развој на Република Северна Македонија, заедничко организирање изложби и други активности од научнoистражувачката и едукативната област, издавање заеднички публикации и книги во издание на страните потписнички, како и заедничко организирање и реализација на научноистражувачка работа во архивски институции во странство, заради лоцирање, евидентирање и дигитализирање на архивскиот материјал значаен за нашиот стопански и економски развој.

Меморандумот го потпишале директорот на Државниот архив Емил Крстески и гувернерката на Народна банка на Република Северна Македонија Анита Ангеловска Бежоска. цр/са/

Фото:Државен архив

Остани поврзан