Дрекслмаер обезбеди мебел за градинките во Неготино и Градско
- Германската фабрика Дрекслмаер во Кавадарци обезбеди мебел за градинките во Неготино и Градско, информираа денеска од компанијата.

Неготино, 20 октомври 2022 (МИА) - Германската фабрика Дрекслмаер во Кавадарци обезбеди мебел за градинките во Неготино и Градско, информираа денеска од компанијата.
- Обезбедивме 40 масички и 160 столчиња. Со поддршката што им се овозможува на воспитно образовните институции, се придонесува во воспитно-образовниот процес, за унапредување на условите за престој на децата во градинките, соопштија од Дрекслмаер.

Оттаму нагласија дека во неколку наврати досега, ги поддржуваат градинките од регионот, донирајќи 300 креветчиња со душеци, столчиња, шкафчиња, како и дидактичко-едукативни средства, што се особено важни за воспитно-образовниот процес.
- Следејќи ја стратегијата за општествена одговорност, заедно со своите вработени продолжуваме да иницираме бројни проекти во насока на постигнување највисоки можни вредности за општеството, додадоа од германската фабрика. свд/дма/