Драги Михајловски со нов препев на Руми во издание на „ТРИ“
- Во Културно-информативниот центар – Скопје вечер од 19:19 часот ќе се одржи промоција на последниот објавен книжевен препев на Драги Михајловски – најновото еднотомно издание на книжарница „ТРИ“ од поезијата на Руми, „Големата црвена книга“.
Скопје, 28 ноември 2024 (МИА) - Во Културно-информативниот центар – Скопје вечер од 19:19 часот ќе се одржи промоција на последниот објавен книжевен препев на Драги Михајловски – најновото еднотомно издание на книжарница „ТРИ“ од поезијата на Руми, „Големата црвена книга“.
Џелаледин Мевљана Руми е еден од најголемите, најчитаните и најтолкуваните поети во светот. Неговите стихови претставуваат непроценливо светско наследство и досега се препеани од повеќе македонски преведувачи и поети.
Модераторка на настанот е авторката Виолета Танчева-Златева, а за изданието и за преводната работа на Драги Михајловски ќе зборуваат авторките и преведувачки Ана Пејчинова и Ирена Јурчева. ар/вг/
Фото:ТРИ