• сабота, 23 ноември 2024

До 15 јули продолжува сообраќајниот режим на патот Маврови Анови - Жировница

До 15 јули продолжува сообраќајниот режим на патот Маврови Анови - Жировница
Скопје, 21 април 2022 (МИА) - Согласно одобрението издадено од страна на Министерството за транспорт и врски се продолжува времената измена на режимот на сообраќај при изведба на грaдежни активности - рехабилитација на Регионален пат Р1202, делница Маврови Анови - Жировница. Времетраењето на времениот режим на сообраќај е до 15 Јули 2022 год. Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. На патниот правец А2 Свети Николе - Миладиновци на 10 км пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. цр/хс/

Остани поврзан