• среда, 25 декември 2024

До 11 часот во Прилеп гласале 18,09 за претседателските, 18,19 за парламентарни

До 11 часот во Прилеп гласале 18,09 за претседателските, 18,19 за парламентарни

Прилеп, 8 мај 2024 (МИА) - Гласањето во Прилеп одминува без некои проблеми и непречено, информираат од општинската изборна комисија. До 11 часот правото на глас на претседателските избори го оствариле 18,09 проценти, а за парламентарните 18,19 проценти од запишаните избирачи. Се гласа на 142 избирачки места. За претседателските избори се запишани 62 169, а за парламентарните 62 271 граѓанин со право на глас.

Во споредба со гласањето од 24 април, процентот на излезност е сличен. Тогаш гласале 17,26 проценти од избирачите.

Во Крушево, Кривогаштани и во Долнени се гласа непречено и без проблеми. 

Денеска до 11 часот во Крушево на гласање излегле 19,57 проценти, а пред две недели тој процент бил 20,38.

Во мултиетничката општина Долнени денеска до 11 часот правото на глас го искористиле 6,43 проценти на претседателските, а 8,69 проценти од избирачите за парламентарните избори. Тој процент на излезност на 24 април бил 7,6.

Во Кривогаштани до 11 часот на гласање излегле 12,31 процент за претседателските и 12,04 за парламентарните избори. Во првиот круг одзивот на гласачите бил 14,43 проценти. ем/ир


Фото: МИА архива

Остани поврзан