• понеделник, 23 декември 2024

До раните утрински часови во Атина се славеше европската титула на Панатинаикос

До раните утрински часови во Атина се славеше европската титула на Панатинаикос

Атина, 27 мај 2024 (МИА) – Навивачите на Панатинаикос, кои не отпатуваа на „Фајнал фор“ на кошаркарската Евролига во Берлин и финалето со Реал Мадрид го следеа во Атина, веднаш по освојувањето на седмата европска титула славеа во центарот на грчката метропола, јави дописничката на МИА од Атина.

Сите патишта доцна синоќа водеа кон плоштадот „Омонија“, каде што илјадници поддржувачи на атинскиот тим славеа до раните утрински часови.

Делови на Атина беа речиси блокирани од автомобили што со развиорени знамиња и свирења се упатуваа кон центарот на градот, а навивачите првично се собраа пред стадионот на Панатинаикос.

Кошаркарите на Панатинаикос околу 14 часот се очекува од Берлин да пристигнат во Атина, а според најавите од аеродромот ќе заминат за Олимпискиот стадион каде што ќе бидат пречекани од навивачите.

Во вчерашното финале на Евролигата, Панатинаикос со 95:80 го совлада Реал Мадрид и ја освои седмата титула во историјата, прва по 2011 година.

Преку социјалните мрежи, грчкиот премиер, лидерите на партиите, министри од Владата, ја честитаа победата и шампионската титула на Панатинаикос. ср/

Остани поврзан