До крајот на денов сончево со мала локална облачност
- Времето до крајот на денов ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени, информираат од УХМР.

Скопје, 24 ноември 2024 (МИА) - Времето до крајот на денов ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје, сончево и тивко со мала облачност. Температурата ќе биде до 8 степени.
Синоптичарите за следните денови најавуваат стабилно и претежно тивко време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд.ир/вј/