• сабота, 23 ноември 2024

Бектеши: Трговците со овошје и зеленчук ќе мора да обезбедат 70 отсто од потребите за домашниот пазар

Бектеши: Трговците со овошје и зеленчук ќе мора да обезбедат 70 отсто од потребите за домашниот пазар
Скопје, 6 април 2023 (МИА) - Трговците кои продаваат овошје и зеленчук да прибавуваат и продаваат 70 проценти од количините што ги продале во јануари и февруари. Ова е Одлуката што ја донесе Владата на денешната попладневна седница по предлог на Министерството за економија.
 
Како што соопшти Министерството за економија, оваа Одлука која следи по Одлуката за замрзнување на цените на определени видови овошје и зеленчук, е предвидено да важи до крајот на април.
 
-Владината одлука е донесена по координативниот состанок на премиерот Димитар Ковачевски со колегите министри од ресорните министерства и претставници на надлежни институции во врска со предметното прашање, вели министерот Крешник Бектеши.
 
Бектеши денеска на прес-конференција јавно ги повика увозниците на овошје и зеленчук да присуствуваат на координативната средба и повтори дека законите мора да се почитуваат. мч/аа/
 
фото: МИА архива

Остани поврзан