• среда, 17 декември 2025

До вторник високи температури, во недела услови за дожд, а од среда заладување

До вторник високи температури, во недела услови за дожд, а од среда заладување

Скопје, 3 јули 2025 (МИА) - Управата за хидрометеоролошки работи информира дека до вторник времето ќе биде многу топло со дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе надминува и 40.

Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во среда ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура. мч/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан