• среда, 27 ноември 2024

Дојави за поставени експлозивни направи во уште две училишта во Скопје, вкупно четири

Дојави за поставени експлозивни направи во уште две училишта во Скопје, вкупно четири
Скопје, 9 ноември 2022 (МИА) - Дојави за поставени експлозивни направи се добиени за уште две училишта во Скопје, покрај двете училишта за кои МИА претходно информираше. Пријавата за новите бомби е добиена околу 10 часот, а половина час претходно стигнаа дојавите и за првите две училишта, од кои едното е гимназијата „Јосип Броз Тито“. - Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на сите четири училишта. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР. бак/сп/

Остани поврзан