Дојави за бомби во основни и средни училишта во Скопје и Прилеп и во Основниот суд во Охрид
- Во 19 средни и осум основни училишта во Скопје и во едно основно училиште во Прилеп денеска повторно има дојави за бомби. Пријава за поставена експлозивна направа денеска има и во Основниот суд во Охрид.
Скопје, 27 февруари 2023 (МИА) - Во 19 средни и осум основни училишта во Скопје и во едно основно училиште во Прилеп денеска повторно има дојави за бомби. Пријава за поставена експлозивна направа денеска има и во Основниот суд во Охрид.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и дека во тек се антитерористички проверки. бак/сп/