• среда, 27 ноември 2024

Доривал Жуниор ќе биде нов селектор на бразилската репрезентација

Доривал Жуниор ќе биде нов селектор на бразилската репрезентација

Сао Паоло, 8 јануари 2024 (МИА) – Тренерот на Сао Паоло, Доривал Жуниор го напушти тимот за да ја предводи бразилската репрезентација, објави прес-службата на бразилскиот клуб.

- Сао Паоло информира за оставка од тренерот Доривал Жуниор, кој побара прекин на соработката за да ја води бразилската репрезентација, се вели во соопштението на клубот.

Доривал Жуниор беше на чело на Сао Паоло од април оваа година. Пред тоа беше тренер на Фламенго, Сеара, Атлетико Паранаенсе, Сантос, Палмеирас, Флуминенсе, Васко де Гама, Интернасионал, Атлетико Минеиро, Крузеиро и уште неколку бразилски клубови.

На 6 јануари бразилските медиуми објавија дека актуелниот селектор на бразилската репрезентација Фернандо Диниз е отпуштен од функцијата. 

Бразилците по шест натпревари се на шестото место на квалификацискиот турнир за СП 2026 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан