• четврток, 15 мај 2025

Дончиќ: Заморот не треба да игра улога во плејофот

Дончиќ: Заморот не треба да игра улога во плејофот

Лос Анџелес, 28 април 2025 (МИА) - Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, не бараше изговори во заморот по поразот од Минесота со 113:116 во дуел од првото коло од плејофот на Западната конференција на НБА.

Дончиќ постигна 38 поени за 46 минути на теренот, а Лејкерси веќе заостануваат со 1:3 во серијата.

-Ова се плејоф натпревари. Заморот не треба да игра никаква улога. Играв многу минути, но тоа не треба да има значење. Мислам дека играа подобро дефанзивно во последните неколку минути, рече Лука Дончиќ.

Една од ѕвездите на Лос Анџелес Лејкерс сè уште верува во шансите на тимот.

-Ситуацијата дефинитивно е разочарувачка, но ништо не е изгубено. Мораме да продолжиме да веруваме, додаде Словенецот, цитиран од специјализираното издание „Еурохупс“. дс

Фото: Архива

Остани поврзан