Донација на книги од НУБ „Св. Климент Охридски“ за македонскиот КИЦ во Загреб
- Делегација од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, предводена од директорот Јовица Никчевски, по претставувањето на Саемот на книгата во Лајпциг, го посети македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, имаше средба со директорката Мими Ѓоргоска-Илиевска и донира книги.
Скопје, 30 март 2026 (МИА) - Делегација од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, предводена од директорот Јовица Никчевски, по претставувањето на Саемот на книгата во Лајпциг, го посети македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, имаше средба со директорката Мими Ѓоргоска-Илиевска и донира книги.
Како што соопшти КИЦ на Северна Македонија во Загреб, делегацијата на НУБ Скопје му подарила значајна донација од 100-ина наслови од својата издавачка дејност, дел од актуелната македонска издавачка продукција финансирана од Министерството за култура и туризам преку т.н. задолжителен примерок и антологии на македонски и германски јазик.

-Средбата беше пријатна и конструктивна, со разговори насочени кон унапредување на културната соработка меѓу двете земји. Посетата беше поттик за идни иницијативи и партнерства, кои ќе придонесат за афирмација и промоција на македонската култура надвор од границите на државата, како и кон уште поголемо вмрежување и зајакнување на културната соработка меѓу Македонија и Хрватска. Конкретно беше разговарано за репрезентативна изложба на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје во македонскиот КИЦ во Загреб, која треба да биде реализирана в година - се наведува во соопштението. хс/дма/
Фото: Културно-информативен центар на Северна Македонија во Загреб