• вторник, 31 март 2026

Ревијален концерт во ОМУ „Ристо Јуруков“ по повод 70 години од основањето

Ревијален концерт во ОМУ „Ристо Јуруков“ по повод 70 години од основањето

Кочани, 30 март 2026 (МИА) - По повод одбележувањето на 70 години од основањето, Општинско основно музичко училиште „Ристо Јуруков“ од Кочани најавува свечен ревијален концерт. Ова училиште, како нижо музичко, започнало со работа во 1956 година под името „Стеван Мокрањац“. Подоцна е преименувано во „Ристо Јуруков“, личност што има оставено неизбришлива трага во музичко-едукативната дејност во градот. 

Концертот ќе се одржи на 2 април 2026 година со почеток во 18 часот, во салата на НУЦК „Бели Мугри“, а на сцената ќе настапат ученици од повеќе музички училишта од државата. Освен домаќините од Кочани, свое музичко умеење ќе презентираат и ученици од Штип, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Струмица, Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Тетово, Куманово и Велес.

Настанот ќе има и хуманитарен карактер. Влезниците по цена од 200 денари ќе бидат достапни на самиот влез во салата, еден час пред почетокот на концертот, односно од 17 часот, при што посетителите ќе имаат можност да донираат и дополнително. Собраните средства од концертот ќе бидат наменети за поддршка на Здружението „16 Март 2025“.

Организаторите упатуваат покана до сите љубители на музиката да бидат дел од овој настан и со своето присуство да дадат поддршка на младите таленти, но и на хуманата мисија на концертот.ис/вј/

Фото: плакат

 

Остани поврзан