Доделување на признанието „Библиотекар на годината Павлина Цунева Маказлиева“
- Во рамките на литературната манифестација „Средби под јаворите Видое Подгорец“, во соработка со ЛУБ „Благоја Јанков Мучето“ и Издавачката куќа „Просветно дело“, денеска, во Домот на АРМ во Струмица ќе бидат промовирани најдобрите библиотекари за 2024 година.
Струмица, 13 јуни 2025 (МИА) – Во рамките на литературната манифестација „Средби под јаворите Видое Подгорец“, во соработка со ЛУБ „Благоја Јанков Мучето“ и Издавачката куќа „Просветно дело“, денеска во Домот на АРМ во Струмица ќе бидат промовирани најдобрите библиотекари за 2024 година.
Како што се наведува во соопштението на „Просветно дело“, по повод свеченото доделување на признането „Библиотекар на годината Павлина Цунева Маказлиева“ за високи достигнувања во библиотечната и информациската дејност, секоја година се организира и советување на тема „Библиотеката темел на писменоста“, со работна тема: „Споделување добри практитки во библиотечната дејност“. ра/хс/
Фото: Издавачка куќа „Просветно дело“