Добри вести за Лејкерси: Се враќаат Џејмс и Хачимура
- Кошаркарите на Л.А. Лејкерс, Леброн Џејмс и Руи Хачимура се многу блиску до враќање на теренот по повредите, а се очекува и двајцата да бидат достапни за еден од следните натпревари на тимот.

Лос Анџелес, 22 март 2025 (МИА) - Кошаркарите на Л.А. Лејкерс, Леброн Џејмс и Руи Хачимура се многу блиску до враќање на теренот по повредите, а се очекува и двајцата да бидат достапни за еден од следните натпревари на тимот.
Серијата од три победи на Лос Анџелес Лејкерс заврши со пораз од Милвоки Бакс во четвртокот. Сепак, Лејкерси се уште не го достигнале својот целосен потенцијал, бидејќи се уште се без суперѕвездата Џејмс и Хачимура, кој исто така е важен играч за тимот од Калифорнија.
Леброн е надвор од терените по поразот на Л.А. Лејкерс од Бостон Селтикс на 8 март поради повреда на препоните. Руи Хачимура, пак, е надвор од терените од 27 февруари поради повреда на левото колено.
Двајцата играчи напредуваат во опоравувањето, а Хачимура веќе учествува на тимските тренинзи. дс
Фото: Архива