• вторник, 24 декември 2024

ДКСК: За потребите на изборната кампања, забрането е користење на канцелариски простор, опрема и службени возила

ДКСК: За потребите на изборната кампања, забрането е користење на канцелариски простор, опрема и службени возила

Скопје, 4 март 2024

Со член 8-б став 1 од Изборниот Законик е уредено дека „за потребите на изборната кампања, забрането е користење на канцелариски простор, канцелариска опрема и службени возила на државните органи, освен лицата на кои се однесуваат посебните прописи за заштита на личноста“.

Со одредбите од Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување, се определени личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување, додека во член 4 од наведената уредеба е уредено дека „...од страна на Министерството за внатрешни работи со редовни, вонредни и посебни мерки и активности постојано се обезбедуваат следниве личности: 

·         Претседателот на Република Северна Македонија; 

·         претседателот на Собранието на Република Северна Македонија; 

·         претседателот на Владата на Република Северна Македонија; 

·         замениците на претседателот на Владата на Република Северна Македонија; 

·         министерот за внатрешни работи;

·         министерот за одбрана; 

·         министерот за надворешни работи и 

·         директорот на Бирото за јавна безбедност и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање во Министерството за внатрешни работи

Исто така, во член 18 од наведената уредба се уредени мерките и активностите за обезбедување на личностите и објектите, кои се состојат од преземање на: 

·         оперативно-превентивни мерки и активности за обезбедување на личности, објекти и простори; 

·         превентивно-технички мерки и активности за обезбедување кои опфаќаат механичко, електронско-техничко, против-диверзионо, хемиско-биолошко-радијациско, санитарно-здравствено, противпожарно и други видови на обезбедување на личности и објекти; 

·         физичко и сообраќајно обезбедување на објекти и личности;

·         следење на преземените дејствија и активности за спроведување на општите мерки и активности за обезбедување во органите на државната власт и други правни лица од интерес за безбедноста и одбраната на Република Македонија со кои стопанисуваат субјекти во својство на правни лица, секој во рамките на своите надлежности и овластувања утврдени со закон и 

·         други потребни мерки и активности од интерес и значење за обезбедување на личности и објекти.

Согласно наведеното, Државната комисија за спречување на корупцијата, укажува на обврската за законско користење на канцеларискиот простор, канцелариската опрема и службените возила на државните органи за време на изборните кампањи, и тоа за Избори за Претседател на Република Северна Македонија 2024 година и Избори за пратеници во Собранието на Решублика Северна Македонија, кои започнуваат на 04.04.2024 година во 00:00 часот и траат до 06.05.2024 година до 24:00 часот.

 

Државна комисија за спречување на корупцијата

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан