• вторник, 24 декември 2024

ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности

ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности

Скопје, 6 јули 2024 (МИА) - Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) соопшти дека  внимателно го следи процесот на именувања на вршители на должност (в.д.) директори во неколку државни институции. Комисијата ќе го испита секој случај поединечно со цел да утврди дали именувањата се во согласност со законските прописи и дали истите се предвидени и дозволени, велат од ДКСК.
 
- Доколку се утврди дека именувањата се спротивни на законските прописи, ДКСК ќе преземе соодветни мерки и ќе поведе постапки по сопствена иницијатива. Комисијата се залага за обезбедување на законитост и транспарентност во процесот на именувања и назначувања во државните институции, потенцираат од ДКСК.
 
Оттаму велат дека целта на овие проверки е да се осигура дека секое именување е направено во согласност со важечките закони и дека нема злоупотреба на функцијата за лични или политички интереси. 
 
- Комисијата ќе продолжи со мониторингот и со својата работа ќе придонесува за одржување на интегритетот и довербата во институциите од јавниот сектор, истакнуваат од Државната комисија за спречување корупција. ир/аа


Фото: МИА архива

Остани поврзан