• вторник, 24 декември 2024

Дискусија за зголемените ризици од брзи измени на законите за коридорите 8 и 10д

Дискусија за зголемените ризици од брзи измени на законите за коридорите 8 и 10д

Скопје, 18 април 2023 (МИА) – Дискусија на тема „Зголемени ризици од брзи измени на законите за коридорите 8 и 10д“ денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС). На настанот експерти ќе дискутираат за потенцијалните опасности кои се воведуваат со предложените измени на осумте закони.
 
-Со цел непречена и брза изградба на автопатиштата од коридорите 8 и 10д, властите најавија дека ќе биде потребно да се направат измени на осум закони. Законските измени се предвидени по скратена постапка, без претходна дискусија во која би се разгледале нивните импликации и без консултација со засегнатите страни. По законите треба да се расправа во матичните комисии назначени од претседателот на Собранието. Целта на овој настан е да се отвори дискусија за различните аспекти на предложените законски измени и какви импликации ќе имаат во областите кои ги опфаќаат, велат од ИДСЦС.  
  
Како што посочуваат, настанот е организиран како дел од проектот „Поттикнување на јавната дебата за антикорупција“ кој цели кон поддржување на реформскиот процес во земјава преку зајакнување на реформската агенда во областа на владеењето на правото, а за остварувањето на оваа цел проектот предвидува соработка и консултација со сите релевантни чинители. Проектот е поддржан од Националниот фонд за демократија. вј/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан