• среда, 27 ноември 2024

„Дискотеката Детур“ пролетва на Швајцарските Алпи

„Дискотеката Детур“ пролетва на Швајцарските Алпи

Берн, 27 декември 2023 (МИА) - „Детур Дискотек“ е ноќен клуб којшто носи добра забава во најоддалечените, а убави делови на светот. Музичкиот проект на диџејот - новинар Џони Енсал во мај ќе се сели на три планински места во Швајцарија.

Во 2022 година проектот беше испробан во малото рибарско село Тингеyри на Исланд, а оваа година уметничкиот перформанс гостуваше и на островот Кол во Шкотска. Следната 2024 година ќе ги освојува врвовите на Швајцарските Алпи. Имено, „Дискотеката Детур“ од 10. до 12 мај 2024 година ќе биде отворена во долината Лаутербрунен, којашто патем, изгледа како сцена за љубовен филм - опкружена со високи планински врвови, бројни водопади и зеленило, пренесува „Панкјуфер“ (Punkufer).

Така, првата забава е на огромна тераса близу планинскиот врв Бирг на околу 2.680 метри надморска височина. Ден подоцна, забавата се преместува на врвот на Шилторн во ресторанот „Пиз Глорија“ - на 2.970 метри височина. На тој начин, тоа ќе биде највисокиот ноќен клуб во Европа, според списанието „Тајмаут“ (TimeOut).

Швајцарската авантура на „патувачката дискотека“ завршува во салата „Тринкал ам Клајнен Руген“ во гратчето Интерлакен.

Билетот за тридневниот настан може да се купи за 313 евра на официјалната интернет-страница на „Дискотеката Детор“, а вклучува и користење на жичарницата, со што полесно се стигнува до веќе највисоката дискотека во Европа.  си/

Фото: Инстаграм, фотоисечок

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Joel Furrer (@joel.pjj)

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан