• вторник, 15 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи Оливера Трајковска во посета на Пустец

Директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи Оливера Трајковска во посета на Пустец

Дебар, 22 април 2023 (МИА) - Директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска, заедно со професорката Катерина Тодороска, вчера беа во посета на Општина Пустец.  Посетата беше организирана со цел непосредно запознавање со состојбата на македонската заедница, идентификување на тековните предизвици, како и согледување на постигнатите резултати во доменот на духовниот, образовниот и општествениот развој.

Во рамки на посетата, беа остварени средби со градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, директорот на средното училиште во Пустец, Трајан Ванѓеловски, како и со свештеникот, отец Алексо Темелко.

Особено внимание беше посветено на прашањата поврзани со зачувувањето на православната вера и македонскиот културен и духовен идентитет. Делегацијата ги посети православните храмови „Св. „Архангел Михаил“, „Св. Атанасиј Велики“ и „Пресвета Богородица“ – светилишта кои претставуваат столбови на духовниот живот на македонската заедница во овој регион, информираше Стерјовски.

Во тек на посетата на црковната општина при храмот „Св. Архангел Михаил“ била врачена донација од Македонската православна црква – Скопска епархија,  вапсани и благословени велигденски јајца, како што вели Стерјовски, со цел да се внесе радост и празничен дух меѓу најмладите жители на општината.

Oбласта на Преспа, посочува Стерјовски, со својата природна убавина, богата културна традиција и активен духовен живот, претставува значаен центар за македонската заедница во Албанија и симбол на нејзината истрајност и приврзаност кон сопствените корени. вт/лв/


Фото: Фејсбук Стерјовски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан