• среда, 27 ноември 2024

Честитка од директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи до г.г. Стефан

Честитка од директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи до г.г. Стефан

Скопје, 7 октомври 2024 (МИА) - Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), Оливера Трајковска упати честитки до г.г. Стефан по повод 25-годишнината од изборот за архиепископ и поглавар на МПЦ-ОА и од неговото востоличување на тронот на древните охридски архиепископи.

- Да се биде духовен пастир е најсветиот, најодговорниот, најтешкиот, но и најубавиот повик во исто време. Да се биде духовен пастир на македонско тло во времиња на постојани превирања, негирања и атак врз самобитноста и автокефалноста е најтешкиот подвиг на сите времиња, се наведува во честитката на Трајковска.

Како што се додава Трајковска, г.г. Стефан достојно го носи овој подвиг и тој е грижлив духовен татко на македонскиот народ. бд/дма/

Фото: Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи

Остани поврзан