• понеделник, 30 декември 2024

Димитров: Усогласеноста на Северна Македонија со надворешна политика на ЕУ е 92 отсто

Димитров: Усогласеноста на Северна Македонија со надворешна политика на ЕУ е 92 отсто
Скопје, 20 февруари 2021 (МИА) - Степенот на усогласеност на Северна Македонија со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, според последниот извештај на Европската комисија за 2019 изнесува 92 отсто, објави на Фејсбук вицепремиерот за европски прашање Никола Димитров. - Ова е скандалозна невистина. Нашиот степен на усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, според последниот извештај на Европската комисија (октомври 2020) за 2019 изнесува 92%, наведува Димитров во објавата, реагирајќи на изјавата на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за Бугарското национално радио (БНР) дека усогласеноста на земјава со заедничката надворешна политика на ЕУ е под 50 отсто. Димитров во објавата наведува дека очигледно е потребна поголема внимателност, особено кога се работи за лесно достапни податоци. - Вака впечатокот е разочарувачки - дека идејата била паушално да се оцрни соседот, што не би било ниту пријателски, ниту европски, додава вицепремиерот за европски прашање во својот фејсбук-статус. Во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија од октомври 2020 година се посочува дека во однос на заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата земјава во 2019 година била усогласена „со 84 од вкупно 91 изјава на високиот претставник за ставовите на ЕУ и (Европскиот) Совет, што претставува стапка на усогласеност од 92 отсто“. сп/

Остани поврзан