• вторник, 24 декември 2024

Димитријевиќ го спаси Уникс од „метла“ против ЦСКА Москва

Димитријевиќ го спаси Уникс од „метла“ против ЦСКА Москва

Москва, 2 јуни 2024 (МИА) - Кошаркарите на Уникс успеаја да ја постигнат првата победа во финалната серија од ВТБ лигата против ЦСКА од Москва намалувајќи го резултатот на 1:3. Резултатот на мечот во Москва гласеше 96:80 (24:15, 27:32, 24:13, 21:20).

На крилата на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, кој забележа 27 поени и девет асистенции, Уникс успеа да оствари победа и да избегне да биде „исчистен“ од ЦСКА.

За ЦСКА единствен расположен беше Тримб со 16 поени, Астапковиќ постигна 14.

Петтиот натпревар е на распоред за три дена, чиј домаќин е Уникс. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан