• сабота, 23 ноември 2024

Дизелот поевтинува за два денара

Дизелот поевтинува за два денара

Скопје, 12 октомври 2023 (МИА) – Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на другите нафтени деривати останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,97 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е 81, а на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 80 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС - 95 и понатаму ќе се продава за 81 денар за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 98 за 83 денари за литар, а Мазутот М-1 НС за 45,087 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,257 отсто, кај дизелот за 3,292, кај екстра лесното масло за домаќинство за 3,677 и кај мазутот за 1,371 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,155 отсто.вј/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан