Де Минаур ја одбрани титулата во Акапулко
- Со овој триумф 25-годишниот австралиски тенисер ја прекина серијата од четири порази во финалните дуели и го освои својот осми АТП Тур.
Акапулко, 3 март 2024 (МИА) – Третиот носител Австралиецот Алекс де Минаур ја одбрани титулата на АТП Мексико Опен во Акапулко, совладувајќи го во финалето Норвежанецот Каспер Руд со 6-4, 6-4.
Со овој триумф 25-годишниот австралиски тенисер ја прекина серијата од четири порази во финалните дуели и го освои својот осми АТП Тур.
Воедно, Де Минаур со триумфот во Акапулко си обезбеди место во Топ 10 на светската ранг-листа која утре ќе биде ажурирана.
„Ова за мене беше неверојатна недела“, изјави Де Минаур, кој минатиот месец во Ротердам загуби во финалето од победникот на Австралија Опен, Италијанецот Јаник Синер. ег ФОТО: Фејсбук