• вторник, 24 декември 2024

Де Лихт ќе добие уште една шанса во репрезентацијата

Де Лихт ќе добие уште една шанса во репрезентацијата

Ајндховен, 6 септември 2024 (МИА) - Дефанзивецот Матаис де Лихт ќе добие уште една шанса во репрезентацијата на Холандија кога тимот ќе ја започне новата сезона на турнирот од Лигата на нации против Босна и Херцеговина, потврди селекторот Роналд Куман.

Новото засилување на Манчестер Јунајтед не доби минутажа на Евро 2024 во Германија летото, но најверојатно ќе започне заедно со Вирџил ван Дајк во центарот на одбраната на тимот во сабота, откако Стефан де Фрај беше изоставен од тимот.

-Кога Матаис ми се јави за неговиот можен трансфер во Манчестер Јунајтед, разговаравме и за Европското првенство. Не му ја дадов најдобрата порака на Матаис во пресрет на европската завршница, го избрав Стефан де Фрај. Сега на ред е Матаис да покаже што може да направи затоа што има и други кои можат да играат на таа позиција. Јасно е дека би сакал да го видам да го достигне нивото што го имаше претходно, коментираше Куман.

Де Лихт (25) имаше само 17 години кога дебитираше за Холандија во 2017 година и има 45 натпревари за оваа земја, многу од нив под водство на Куман кога беше првпат на чело на националниот тим од почетокот на 2018 година до крајот на 2019 година.

Од Светското првенство во 2022 година, тој настапи на само пет меѓународни натпревари во услови на тешка клупска кариера во Баерн Минхен.

Натпреварите од Лигата на нации во следните три месеци го означуваат почетокот на нов циклус, смета Роналд Куман.

-Имаме нови играчи и тоа носи промена во тимот. Начинот на кој работевме оваа недела ме прави многу среќен. Со играчите кои се приклучија и кои ќе се приклучат во следните две години, мислам дека можеме да продолжиме на ист начин, изјави селекторот на Холандија. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан