• петок, 23 август 2024

Де Лихт и Мазрауи потпишаа за Манчестер Јунајтед

Де Лихт и Мазрауи потпишаа за Манчестер Јунајтед

Манчестер, 13 август 2024 (МИА) - Манчестер Јунајтед и официјално го објави привлекувањето на Матаис де Лихт и Нусаир Мазрауи. 

Двајцата дефанзивци им се приклучуваат на „црвените ѓаволи“ од Баерн Минхен. Баварците од зделката ќе добијат вкупно 70 милиони евра. 

Трансферот на Де Лихт е вреден 45 милиони плус уште 5 милиони бонуси, додека Манчестер Јунајтед ќе плати 15 + 5 милиони евра за Мазрауи. дс

Фото: Манчестер Јунајтед

Остани поврзан