• сабота, 23 ноември 2024

Десет милиони Австралијанци останаа без телефонски и интернет врски

Десет милиони Австралијанци останаа без телефонски и интернет врски

Сиднеј, 8 ноември 2023 (МИА) – Десет милиони Австралијци денеска останаа без мобилни и интернет услуги, откако целосно беше парализиран системот во вториот најголем провајдер во земјата – „Оптус“ (Optus), јави ДПА.

Од раните утрински часови, корисниците на „Оптус“ ширум земјата не можат да се јавуваат или да сурфаат, јавија австралиските медиуми.

Според извештајот на радиодифузерот „9Њуз“, (9News) ова е најголем прекин на телекомуникациите во историјата на земјата, додаде ДПА. 

Компанијата преку соопштение мнаведува дека веројатно ќе бидат потребни часови за да се врати мрежата.

-Па, добрата вест е дека имаме начин да ја обновиме целата мрежа, и затоа, ние навремено ќе информираме за напредокот, изјави генералниот директор на „Oптус“, Кели Баер Росмарин за радио станицата 2GB во Сиднеј.

„Ова е многу невообичаена појава и штом ќе разбереме што точно се случило, ќе излеземе со детали“, кажа таа.

Не е јасно што го предизвикало прекинот, но властите ја отфрлија можноста за кибер напад.

Интернетот, мобилните услуги и врските со некои владини оддели се во прекин, вклучувајќи ги и телефонските врски со болниците и службите за итни случаи.

Прекинот предизвика доцнење во сообраќајот, а оневозможен е и платежниот систем, јави Би-Би-Си.

Министерката за комуникации Мишел Роланд кажа дека ова е вознемирувачко утро за многу Австралијци и ја повика компанијата да биде транспарентна и „навремена“ во информирање на клиентите.

Oптус минатата година претрпе хакерски напад што доведе до кражба на лични податоци од околу 10 милиони сметки, што е најголемиот ваков инцидент во Австралија. сд/

Фото: сајт на Оптус

Остани поврзан