Десет граѓани примени на Клиниката за токсикологија за новогодишната ноќ, шест малолетни
- Пет мажи и пет жени биле третирани на Клиниката за токсикологија во Скопје за време на новогодишната ноќ. Главно биле на возраст до 22 години, а најмладиот имал само 16-години. Директорот на

Скопје, 1 јануари 2021 (МИА) - Пет мажи и пет жени биле третирани на Клиниката за токсикологија во Скопје за време на новогодишната ноќ. Главно биле на возраст до 22 години, а најмладиот имал само 16-години.
Директорот на Универзитетската клиника за токсикологија Ридван Бајрами денеска изјави дека од вкупно 10-те пациенти третирани на Клиниката, шест биле малолетни. Имало и една девојка од друг град која била предозирана со наркотици.
- Граѓаните се придржуваа до препораките од Министерството за здравство. Пациентите беа згрижени и пуштени дома. Главно биле дома. Најмладиот малолетник има само 16 години. Главно беа до 22 години, освен еден пациент на 67 години кој бил хроничен алкохоличар, изјави Бајрами. мс/бак/