• вторник, 26 ноември 2024

Десетгодишна суспензија за казахстански тенисер поради местење натпревари

Десетгодишна суспензија за казахстански тенисер поради местење натпревари
  Лондон, 12 мај 2021 (МИА) – Казахстанскиот тенисер Роман Хасанов е суспендиран денеска на десет години поради корупција. Како што соопшти Меѓународниот одбор за интегритет во тенисот (ITA), Хасанов во истрагата се изјаснил за виновен по обвинението за местење или обид за местење тениски натпревари. Одборот не обелодени за колку наместени натпревари од страна на Хасанов и за кои турнири станува збор, наведувајќи само дека тие биле одиграни во периодот од 2014 до 2018 година, кога Казахстанецот го имаше најдобриот пласман на АТП листата како 671 светски тенисер. Тој е казнет и парично во износ од 100.000 долари.ег/

Остани поврзан