• сабота, 23 ноември 2024

Денеска средба Мицотакис – Макрон, францускиот претседател со солидарност за Грција по пожарот во Мориа

Денеска средба Мицотакис – Макрон, францускиот претседател со солидарност за Грција по пожарот во Мориа
Атина, 10 септември 2020 (МИА) – Солидарност од Франција за Грција по пожарот во бегалскиот камп Мориа на Лезбос, изрази доцна синоќа францускиот претседател Емануел Макрон преку „Фејсбук“, само неколку часа пред средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Корзика, јави дописничката на МИА од Атина. -Пожарот во бегалски камп на Лезбос е уште една дополнителна драма за бегалците кои веќе се наоѓаат во лоша ситуација. Франција уште еднаш ќе изрази солидарност за Грција, напиша Макрон на грчки јазик на „Фејсбук“ и додаде дека денеска ќе се види со Кирјакос Мицотакис. Францускиот претседател на маргините на Самитот на седумте медитерански земји од Европската унија, што денеска се одржува на Корзика, ќе се сретне со грчкиот премиер. Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на редовниот брифинг со новинарите во понеделникот рече дека Мицотакис и  Макрон ќе дискутираат „за случувањата во Источниот Медитеран, за турската провокација, но и прашањата за билатералната соработка во областа на одбраната“. ср/

Остани поврзан