• сабота, 23 ноември 2024

Дендиас: Преговори со Турција само откако ќе се повлечат турските бродови од грчкиот континентален гребен

Дендиас: Преговори со Турција само откако ќе се повлечат турските бродови од грчкиот континентален гребен
Атина, 5 септември 2020 (МИА) – Случувањата во Источниот Медитеран и потребата за деескалација на тензијата од страна на Турција, биле во фокусот на денешниот телефонски разговор на шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како што соопштија, преку „Твитер“, од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Дендиас, вчера во Њујорк се сретна со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, а по средбата порача дека преговори со Турција не може да има, сѐ додека турските бродови се во грчкиот континентален гребен. -Грција не преговара со Турција. Грција јасно има кажано дека преговори со Турција може да има штом турските бродови го напуштат грчкиот континентален гребен. Но, не додека турските бродови остануваат таму, рече Дендиас. Министерот за надворешни работи на Грција, на Гутереш му ја објаснил ситуацијата во Источниот Медитеран, рекол дека „турските прекршувања создаваат проблеми за стабилноста и мирот во регионот“, а му доставил и писмо од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, со молба да биде доставено до Советот за безбедност. Со оглед на тоа дека Дендиас во Њујорк беше само неколку часа, утрово, преку социјалните мрежи му се заблагодари на екипажот на авионот од грчкото воено воздухопловство за летот Атина – Њујорк- Атина во еден ден, со цел да се сретне со Гутереш и веднаш да се врати во Грција.ср/

Остани поврзан