• сабота, 23 ноември 2024

Дендиас: ЕУ треба да реагира за Турција

Дендиас: ЕУ треба да реагира за Турција
Атина, 7 декември 2020 (МИА) – Јасно беше ставено на знаење дека треба да постои реакција за Турција и за ова ќе се дискутира на Советот на шефови на држави и Влади оваа седмица, изјави министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас по Советот за надворешни прашања на ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина. Шефот на грчката дипломатија објасни дека на состанокот имало опширна дискусија за „турските прекршувања“ и било констатирано од сите министри за надворешни работи дека „Турција не ја сфати позитивната порака на Европската унија од Европскиот совет во октомври“. - Напротив, продолжи со своето прекршувачко однесување. И секако, во контекст што е целосно неприфатлив: закана со војна против Грција, доколку ги прошири своите територијални води на 12 милји, рече Дендиас. Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, говорејќи за односите со Турција, рече дека Анкара добила шанса, но не ја искористила. - Пораката од Грција беше и е јасна. Не може земја што изјавува дека сака да биде стратешки партнер на ЕУ, да ги оспорува суверенитетот и суверените права на земјите-членки на ЕУ, ниту, пак, да ги крши европските принципи и вредности. Ниту да ги поткопува безбедноста и стабилноста во поширокиот регион. И ова не може никој да го игнорира ниту да го потцени, рече Пецас. ср/гт/

Остани поврзан