• понеделник, 23 декември 2024

Демонстрантите во Бангладеш упаднаа во затвор дозволувајќи бегство на 500 затвореници

Демонстрантите во Бангладеш упаднаа во затвор дозволувајќи бегство на 500 затвореници

Дака, 5 август 2024 (МИА) - Демонстрантите денеска упаднаа во окружниот затвор во Шерпур, на северот на Бангладеш, дозволувајќи им на 500 затвореници да избегаат од затворот.

Толпа опремена со стапови и оружје излегла на улиците во попладневните часови среде полицискиот час, јавуваат локалните медиуми.

Во еден момент упаднале во затвор во областа Дамдама-Калигањ, ја скршиле капијата на затворот и го запалиле. Како резултат на нападот на затворот, суспендирани се 77 службеници, меѓу кои и началникот и затворските чувари.

Демонстрантите запалија и различни институции и канцеларии во областа.

Полициски час беше воведен вчера во целата земја откако полицијата се судри со демонстрантите во кои најмалку 91 лице загина, а стотици беа повредени кога полицијата употреби солзавец и гумени куршуми за да растера десетици илјади демонстранти.

Протестите во Бангладеш започнаа минатиот месец откако студентските групи побараа крај на контроверзниот систем на квоти за владините работни места, а протестите станаа антивладини со барањата за оставка на премиерката Шеик Хасина Вазед, која го освои четвртиот мандат во јануари на изборите кои опозицијата ги бојкотираше.

Вазед денеска поднесе оставка и со воен авион замина во Индија. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан