• среда, 25 декември 2024

Демократите и републиканците не се договорија за лимитот на долгот, САД под закана од технички банкрот

Демократите и републиканците не се договорија за лимитот на долгот, САД под закана од технички банкрот

Вашингтон, 10 мај 2023 (МИА) - Републиканскиот лидер Кевин Мекарти соопшти дека на средбата со претседателот Џо Бајден не е постигнат договор за јавниот долг на САД.

- Нема напредок, изјави претседателот на Претставничкиот дом по напуштањето на Белата куќа, каде што еден час разговараше со Бајден, кој е од редовите на Демократите и челниците на Конгресот.

Двете страни треба повторно да се сретнат в петок за да разговараат за ова чувствително прашање, додаде тој.

Демократите и републиканците не успеваат да се договорат за зголемување на плафонот на јавниот долг на САД, што е неопходен законски потег за најголемата светска економија да продолжи да ги плаќа своите обврски, своите службеници и своите доверители.

По напуштањето на состанокот, лидерот на демократите во Сенатот Чак Шумер го обвини Кевин Мекарти дека горната граница на задолжувањето ја држи како „заложник“, бидејќи подигање на плафонот на долгот го условува со намалување на трошоците.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера повтори дека неплаќањето на американските финансиски обврски „не е опција“, по состанокот со конгресните лидери за ова прашање. ссм/

фото: Бела куќа

Остани поврзан