• сабота, 28 декември 2024

Демарш од Грција до Иран за насилна окупација на бродови под грчко знаме во Персискиот залив

Демарш од Грција до Иран за насилна окупација на бродови под грчко знаме во Персискиот залив
Атина, 27 мај 2022 (МИА) – Министерството за надворешни работи на Грција упати демарш до Иран и ги повикува грчките граѓани да избегнуваат патувања во конкретната земја, откако два брода што пловат под грчко знаме биле „насилно окупирани во Персискиот залив“, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчкото МНР соопштија дека хеликоптер на иранската воена морнарица слетал на танкерот „Делта Посејдон“ што плови под грчко знаме додека бил во меѓународни води во Персискиот залив, 22 наутички милји од брегот на Иран и вооружени лица го заробиле екипажот на бродот, меѓу кои и двајца грчки државјани. Дополнително, во близина на иранскиот брег, сличен инцидент имало и на друг брод, исто така под грчко знаме, на кој има седум грчки државјани. Министерството за надворешни работи на Грција коментира дека конкретните постапки „во суштина се еднакви на пиратерски дела“. По наредба на шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, Генералниот секретар во Министерството Темистоклис Демирис „изразил силен демарш до иранскиот амбасадор во Атина“. -Генералниот секретар најостро ги осуди овие дела, кои се спротивни на основните правила на меѓународното право и меѓународната пловидба. Повика на итно ослободување на бродовите и нивните екипажи. Исто така, нагласи дека овие постапки ќе имаат особено негативно влијание врз билатералните односи, како и врз односите ЕУ- Иран, соопштија од грчкото МНР. Додаваат дека веќе биле известени Европската служба за надворешни активности, Меѓународната поморска организација, како и сојузниците и партнерите на Грција. ср/

Остани поврзан